+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Денови кои носат промена во Април

Денови кои носат промена во Април

НЛП СТАРТЕР: 17.04.2018, 19.04.2018, 24.04.2018 и 26.04.2018

Многу често во секојдневниот живот се среќаваме со различни предизвици во кои се впуштаме без да обрнеме внимание дали само реагираме или свесно преземаме акција и одиме во насоката каде што сакаме да се движиме? И колку пати во тие процеси успеваме да научиме нешто повеќе од самото надминување на предизвикот и остварувањето на целта? Колку успеваме да извлечеме, да добиеме нешто за себе и да направиме трансформација која ќе донесе трајни и позитивни промени во нашиот живот?

Овие теми се вклучени во исклучителниот  4- дневен тренинг НЛП Стартер, кој е дел од програмите во Центарот за бизнис психологија, Системска & НЛП.

Примената на НЛП техниките овозможува трајни промени во процесите на личниот развој, како и во развојот на бизнисите, организациите и останатите сегменти кои се дел од комплексната целина во која сите припаѓаме. Невро-лингвистичкото програмирање е патување кое ќе го паметите секогаш, а пролетните месеци се вистински период да тргнете токму на тоа патување и да го разбудите во Вас она што вистински го посакувате. Колку сте спремни да инвестирате во себе? Дали времето и парите се Вашите изговори кои што Ве оддалечуваат од тоа што закате да го направите? НЛП Стартерот ќе Ви овозможи да го зајакнете Вашиот ментален имунитет и на тој начин да креирате баланс на полето на телото, енергијата и емоциите. Ќе бидете во можност да откриете дали припаѓате во тимот во којшто работите, дали се идентификувате со целите и мисијата на организацијата, дали припаѓате во самата нејзина поставеност и сл. Она што е уникатно во оваа програма е примената на системската работа и системскиот пристап во истата, при што Центарот за бизнис психологија, Системска & НЛП е единствен центар на Балканот кој посветено го применува таквиот пристап.

Доколку сакате:

  • Личен и професионален развој;
  • Да ја разберете поврзаноста на фамилијарните системи и организациските процеси;
  • Да идентификувате дали припаѓате во тимот и самата поставеност на организцијата во која работите;
  • Подобра конекција и релација со луѓето;
  • Нови можности и перспеспективи во Вашиот живот;
  • Да откритете што е тоа што ве мотивира и ве води напред;
  • Да го разберете значењето на бизнис психологијата и процесите на личен и професионален развој;
  • Практично да ги искусите моќните НЛП техники и вежби од системската работа, кои се веднаш применливи во ситуациите од секојдневниот живот, тогаш,

Време е да го започнете Вашето НЛП патување, и да се приклучите на НЛП Стартер – от, денови кои ќе донесат трајни и позитивни промени за Вас и луѓето околу Вас.

Вредностите кои ги добивате со посета на светски признатите НЛП програми во нашиот Центар се повеќекратни и веднаш применливи во секојдневниот живот! Несекојдневна комбинација од моќните НЛП техники и системската работа, единствена на Балканот достапна кај нас!

Можностите се насекаде околу Вас, одберете ги вистинските!

Информирајте се повеќе за тоа како може да бидете дел од овој тренинг на следниот линк: http://bit.ly/2pHKN9L