+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Современо Родителство

Програмата Современо, односно модерно родителство е специјално адаптирана програма која со помош на НЛП техниките ги води родителите низ процесот на одгледување и воспитување на своите дечиња прилагодено на современиот начин на живот.

Со современиот начин на живеење каде родителите се во искушенија во кои решаваат за добриот емотивен живот, образовен процес и истовремено, трката за стекнување на финансиска сигурност за своите деца, често пати не можат да го изнајдат балансот или да се одлучат што е најдобро за своето дете.

 

  • Дали сакате да бидете одличен родител и сепак да имате време за себе си?
  • Дали сакате да ги правите работите полесно со тоа што ќе го разбирате полесно вашето дете?
  • Дали сакате полесно да комуницирате со вашето дете?
  • Дали сакате да ја промените вашата состојба во која се чувствувате фрустрирано во негодувањата на вашето дете, неразбирајќи ја суштината на неговата потреба?
  • Дали би сакале да научите како да го балансирате вашето семејство, умеејќи како да ја гледате ситуацијата од сечија перспектива?
  • Дали сакате да разберете како вашето дете подобро учи?
  • Дали сакате да му помогнете на вашето дете во подобри животни избори и амбиции?
  • Дали сакате да ги разберете подобро интересите и желбите на вашите деца, одвојувајќи ги од вашите желби и амбиции?

Доколку вашите одговори на овие прашања се едногласно да, тогаш вие сте одговорен, нежен и грижлив родител.

Оваа програма ќе ве охрабри ваш и вашите деца на моќни и креативни начини. Ќе ви даде алатки за подобрена комуникација и ќе ви помогне вам и на вашето дете да развиете свесност за вашите способности и да развиете многу повеќе потенцијали.

Стекнатите вештини и алатки се одржливи и долгорочни.

Програмата модерно родителство ќе ви овозможи:

  • Зголемена самодоверба во однос на одгледувањето на вашите деца
  • Поголема поврзаност и отвореност
  • Почит кон туѓите мапи на светот,односно разбирање и гледање на работите
  • Ќе развиете вештини за лидерство кои ќе ви помогнат во насочување на вашето дете кои што чекори со задоволство ќе ги следи
  • Ќе научите како полесно да комуницирате и да разберете што сакаат да ви кажат со одредено однесување кои можеби не го разбирате
  • Ќе научите како да ги согледувате неговите квалитети и да го насочувате по таа патека како би го постигнало најдоброто од себе си
  • Ќе научите како да ги разбирате полесно вашите емоции и емоциите на вашето дете