+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Energy flows where the mind goes! Energy Management

Energy Management програмата е специјално дизајнирана со цел да воспоставите баланс помеѓу внатрешниот и надворешниот свет, да чувствувате спокојство и благосостојба и да ја подигнете свеста за вашиот ментален, емотивен и физички имунитет.
Оваа интерактивна програма ви нуди практични алатки за да постигнете лесно и едноставно , баланс помеѓу професионалниот и личниот живот, помеѓу умот и телото и емоциите и рациото.
Едноставно кажано оваа програма ќе ве освежи, раздвижи, смири и фокусира!

Човекот функционира на четири полиња:
Ментално поле, физичко поле, поле на енергија (емоции) и поле на душата (фамилијарни динамики).
Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.

Интерактивни теми и техники кои што ќе бидат разработени:
– Управување со себе
Преку интерактивни и практични техники откријте го својот внатрешен дијалог и начинот на кој што се управувате себе си.
Доколку ја смените вашата структура на размислување ќе го смените и резултатот.
Која е вашата стратегија на размислување и како истата го креира вашето однесување?
Изговорите се лимитирачки верувања. Дали имате време и енергија или одложувате бидејќи имате убедување дека немате време и енергија?
Подигнете го вашиот ментален имунитет!
– Основните човечки потреби го креираат однесувањето.
Откријте ги вашите! Што е тоа што ве води и мотивира и како истите се рефлектираат во работната средина?
Не се целите кои што не водат напред, туку стандарите кон кои што се стремиме.
Не е доволно да се биде само учесник. Од големо значење е да се стремите кон највисоките стандарди.
– Управување со емоциите
Сите наши доживувања се поврзани со емоција. Емоционалната интелигенција е всушност самосвест. Колку сте свесни и умешни да можете да ја одвоите емоцијата од однесувањето и тоа да го ставите во поширока рамка.
За да направите промена во доживувањето потребно е да се одвоите од емоцијата.
Дали знаете кои мотивирачки сили ве водат? Која емоција ве покренува во акција, а која ве блокира?
Научете практична техника како да се дисоцирате или асоцирате од емоцијата и на тој начин да можете себе си да се управувате, а не да реагирате.
– Практични техники за менаџирање на личниот потенцијал.
Наједноставен начин за да креирате поголема свесност и да го подобрите вашиот ментален и физички имунитет е да ги следите сигналите на вашето тело. Научете правилно да дишите!
Што ви говори телото? Како го менаџирате стресот?
Преку практични и едноставни техники научете како да ги препознаете сигналите на телото и да креирате повеќе баланс помеѓу телото, умот и емоциите?

ПРИДОБИВКИ ОД ENERGY MANAGEMENT:
– Поголема свесност и контрола за самите себе, повисоко ниво на ценење на чувствата и стилот на однесување на другите луѓе, што повратно овозможува подобра емпатија и соработка.
– Ќе научите практични техники лесно и едноставно да ја менувате вашата внатрешна состојба и во секоја ситуација да можете да се менаџирате себе си.
– Ќе научите како да дишите правилно со цел да го менаџирате стресот и да ја подигнете вашата ментална и физичка кондиција.
– Освестувањето за тоа на кое поле дејствувате. Каде и како можете да влијаете за да предизвикате посакувани резултати.
– Зголемување на нивото на енергија и поголема мотивираност.
– Откривање на вашата лична стратегија за мотивација.

ТРЕНЕР
Марина Анчевска, основач на Центарот за бизнис психологија и воедно меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Тренер, бизнис коуч, јога учител и системски практичар.
Нејзините тренинзи се интерактивни и провокативни со цел да предизвикаат промена кај поединците, за да дејствуваат како еден организациски систем, кој што заеднички, успешно ги остварува компаниските цели.

МЕТОДОЛОГИЈА НА РАБОТА
Тренингот е едукативен, интерактивен и динамичиен.
Техниките кои што се користат се практични и веднаш применливи.
Сета програма е инспирирана од светски познатата техника за успех – Невро лингвистичко програмирање.
Покрај НЛП се користат и техники од динамиките во организациските системи и практични јога техники за подигнување на менталното и физичкото здравје.