+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Коучингот како алатка за справување со мобинг

Коучингот како алатка за справување со мобинг

Mobing

 

Коучингот како алатка за справување со мобинг

Едуцирај се, превенирај и дејствувај!

 

Секој втор граѓанин во Р. Македонија е жртва на психичко и/или полово вознемирување на работното место. Мобингот е всушност појава на психичко малтретирање која се повторува низ различни активности, за да се деградира работникот врз разни основи. Тука е важно да се напомене дека не секоја негативна ситуација на работното место треба да се категоризира како мобинг. Луѓето во голем број случаи зголемениот обем на работни обврски, прекувремената работа и слично ги препознаваат како мобинг, при што доаѓа до израз нивната субјективна репрезентација на одредена ситуација. За да може точно да се препознаваат и пријавуваат ситуации на мобинг, потребен е индивидуален и темелен пристап кој ќе обезбеди ефикасни алатки за здраво справување со непосакуваните ситуации на работното место. Едукацијата за овој се поприсутен феномен е од клучно значење за да се охрабрат вработените кои се соочуваат со ваков тип на притисоци да зборуваат на оваа тема и секако да бараат алтернативи да се заштитат на здрав и правилен начин.

Коучингот, како една од најсовремените алатки на 21-виот век, се повеќе се применува во различни форми на едукација во голем број на организации за унапредување на нивното целокупно работење. Применувајќи го овој пристап во различни специфични и предизвикувачки ситуации ќе научите како:

  • да комуницирате со себе во услови кога се соочувате со мобинг;
  • да се справите со стресот по настаната ситуација;
  • да го кренете својот глас и да се соочите со моберот;
  • да ги земете работите во свои раце и соодветно да реагирате при дадена ситуација;
  • да ги препознаете психолошките реперкусии од оваа форма на насилство на работното место.

Преку адекватна примена на коучинг – алатките и достапноста на едукациите на кои се дискутира ова прашање се влијае врз зголемувањето на свесноста на вработените и работодавачите за постоењето на начини за справување со мобингот. Заедно со правните механизми кои постојат во Р. Македонија би понудиле сеопфатна рамка за препознавање и преземање на активности од страна на лицата инволвирани во вакви случаи на вистински начин и во вистинска насока. Едукацијата за проблемите кои допираат во нашите животи е првиот чекор за да се крене гласот, да се преземе акција за справување со истите на вистинскиот начин.

На 28.03.2018 година, од 18:00 до 20:00 часот ќе биде одржан тренинг на оваа тема каде Марина Анчевска, НЛП тренер, личен и професионален коуч заедно со Адвокат Маја Ристова, ќе разработат уникатен спој на техники од правото и реалната пракса за што повеќе информации се достапни на следниот линк: https://bit.ly/2u7cL40