+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

НЛП Стартер – Два дена кои носат промена

НЛП Стартер - Два дена кои носат промена

Направете нешто убаво и несекојдневно за себе! Бидете и вие дел од оваа прекрасна, светски призната НЛП програма.

Нова НЛП Стартер група ќе се одржи на 6 и 7 октомври од 10 до 16 часот!

НЕВРО ЛИНГВИСТИЧКО ПРОГРАМИРАЊЕ – НЛП
Акредитирана НЛП програма според светски признатата
Американска НЛП асоцијација – ABNLP.
Вашиот НЛП сертификат, издаден од Центарот за бизнис психологија, е признаен и валиден во целиот свет!

НЛП Стартерот е несекојдневно патување кое секогаш ќе го памтите!
Она што е уникатно во оваа програма е примената на системската работа и системскиот пристап во истата, при што Центарот за бизнис психологија, Системска & НЛП е единствен центар на Балканот кој посветено го применува таквиот пристап.

НЛП Стартерот ќе Ви овозможи да го зајакнете Вашиот ментален имунитет и на тој начин да креирате баланс на полето на телото, енергијата и емоциите. Ќе бидете во можност да откриете дали припаѓате во тимот во којшто работите, дали се идентификувате со целите и мисијата на организацијата, дали припаѓате во самата нејзина поставеност и каква е поврзаноста на вачиот семеен систем со вашето однесување.

Невро лингвистичкото програмирање е наука за однесувањето која што ќе ви овозможи:
– Да откриете што вистински сакате да постигнете?
– Како да дојдете до тоа?
– Што ќе ви значи доколку го постигнете?
– Што ве води напред?
– Што ве мотивира?
– Како да бидете успешни во животот и со тоа да бидете мотивација за себе и за другите?

Колку сте спремни да инвестирате во себе? Дали парите и времето се вашите изговори кои што ве одалечуваат од тоа што сакате да го направите?

17992067_1091270474312086_1178064229729845388_n

Невро лингвистичко програмирање е програма за позитивна промена, дизајнирана за трансформација на лично и професионално поле.
НЛП е патување кое што секогаш ќе го памтите, бидејќи секојдневно ќе имате корист од сето тоа што ќе го научите на оваа програма.

Стартерот е дел од Модул 1 и е вооедно почеток на вашето НЛП патување.
За време на Стартерот откривате каде сте во моментов и што е тоа што сакате да го постигнете?

За да дојдете до целта потребно е да го освестите и осознаете начинот на кој што комуницирате со самите себе и како истиот се рефлектира во вашата околина. Се започнува од тоа како реагираме на тоа што се случува во околината и какви акции превземаме.
Човекот функционира на четири полиња:
Ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата.
Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.
Затоа е многу важно да ја прошириме нашата рамка со која што се набљудуваме себе си и светот околу нас и да погледнеме од една поширока, системска перспектива.
Со завршувањето на НЛП Стартерот, покрај другото, ќе се запознаете со вашите семејни динамики и како истите влијаат во вашето секојдневие.

Ден 1: Стартер
Четирите човечки полиња
Модел на комуникација
Системски динамики
Историјатот за НЛП
НЛП претпоставки
Интерпретација или структура?
НЛП е субјективно доживување

Ден 2: Стартер
Репрезентативни системи
Техника: Рапорт
Тест за репрезентативните системи.
Предикати
Што ни говорат очите?
Полето на телото. Што ви говори телото?
Техники на дишење

Вашата инвестиција за НЛП Стартерот изнесува 200 евра.

Тренер – Марина Анчевска, меѓународно акредитиран НЛП тренер, бизнис и лајфстајл коуч, мотиватор, инспириратор, јога учител, холистички терапевт.

 

Повеќе информации за целата програма на следниот линк:

http://centerbpsee.com/notice/nlp-practitioner-program-bhnm/

Митко Керамитчиев

Митко Керамитчиев

Teacher

професионален тренер-консултант

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ