+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

НЛП Стартер – Денови кои носат промени

НЛП Стартер – Денови кои носат промени

НЛП СТАРТЕР – ДЕНОВИ КОИ НОСАТ ПРОМЕНА

Веќе 12 години успешно ја градиме НЛП приказната во Македонија.
Акредитирани НЛП програми според најреномираната светска НЛП асоцијација ABNLP.

Пролетните месеци се прекрасни за да се погледнете себе си од една поширока перцепција, да направите промени и да заблескате во полн сјај.
Системскиот НЛП е уникатен модел на личен развој и како таков е единствен на Балканот!

Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.

Зошто НЛП Стартерот носи промена?

За време на Стартерот откривате каде сте во моментов и што е тоа што сакате да го постигнете?
За да дојдете до целта потребно е да го освестите и осознаете начинот на кој што комуницирате со самите себе и како истиот се рефлектира во вашата околина.

Се започнува од тоа како реагираме на тоа што се случува во околината и какви акции превземаме.
Човекот функционира на четири полиња:
Ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата.
Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.
Зошто е важно да ја прошириме нашата рамка со која што се набљудуваме себе си и светот околу нас и да погледнеме од една поширока, системска перспектива?

Со завршувањето на НЛП Стартерот ќе се запознаете со вашите фамилијарни динамики и како истите влијаат во вашето секојдневие.
Истиот ќе Ви овозможи да го зајакнете Вашиот ментален имунитет и на тој начин да креирате баланс на полето на телото, енергијата и емоциите. Ќе бидете во можност да откриете дали припаѓате во тимот во кој што работите, дали се идентификувате со целите и мисијата на организацијата, дали припаѓате во самата нејзина поставеност и каква е поврзаноста на вашиот семеен систем со вашето однесување.

Невро лингвистичкото програмирање е наука за однесувањето која што ќе ви овозможи:
– Да откриете што вистински сакате да постигнете?
– Како да дојдете до тоа?
– Што ќе ви значи доколку го постигнете?
– Што ве води напред?
– Што ве мотивира?
– Како да бидете успешни во животот и со тоа да бидете мотивација за себе и за другите?

Колку сте спремни да инвестирате во себе? Дали парите и времето се вашите изговори кои што ве одалечуваат од тоа што сакате да го направите?
Невро лингвистичко програмирање е програма за позитивна промена, дизајнирана за трансформација на лично и професионално поле.

Ден 1: Стартер
Четирите човечки полиња
Модел на комуникација
Системски динамики
Историјатот за НЛП
НЛП претпоставки
Интерпретација или структура?
НЛП е субјективно доживување

Ден 2: Стартер
Репрезентативни системи
Техника: Рапорт
Тест за репрезентативните системи.
Предикати
Што ни говорат очите?
Полето на телото. Што ви говори телото?
Техники на дишење

Вашето НЛП патување ќе започне на 8 и 9 мај од 10 до 16 часот!
Вашата инвестиција за НЛП Стартерот изнесува 10.450 денари.
*За компании се додава 18% ддв.

Пријавете го вашето присуство на: 078 402762
contact@centerbpsee.com