+389 2 61 44 875; +389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Промоција на книгата “Едноставно Јас” од Марина Анчевска

Промоција на книгата “Едноставно Јас” од Марина Анчевска

Акцијата е основата на секој успех
МАКЕДОНСКА НЛП ПРИКАЗНА

“Поминаа 14 години од кога во една прекрасна НЛП вежба за поставување на цели, се видов себеси како работам во свој НЛП центар во Македонија и предавам НЛП. Во тој период веќе 12 години работев и живеев во Холандија и бев среќна и успешна таму каде што си бев. “Марина Анчевска, НЛП тренер, лајфстајл коуч, инспиратор, јога учител

Горди, среќни и исполнети оваа година го прославуваме нашиот 10 годишен јубилеј на Невро лингвистичкото програмирање во Македонија!

Овие 10 години успех ќе ги прославиме со нешто ново!
Со голема среќа и неизмерно задоволство ве покануваме на промоцијата на книгата Едноставно јас на Марина Анчевска, НЛП тренер, лајфстајл коуч, инспиратор, јога учител!

На 27 Септември во 19 часот во Јавна соба ве очекуваме со чаша вино, многу позитивни емоции и одлично расположение, заеднички да ја поделиме среќата.

Книга за мене…за тебе…едноставно-за сите нас.

21762499_1206479506164347_3942573959905798692_o