+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Семејни системи – Поврзани но, не врзани!

На 16 октомври од 18 до 21 часот ќе се одржи нова работилница за семејни системи на тема:
ПОВРЗАНИ, НО НЕ ВРЗАНИ!

Издигнете се над системот и погледнете го својот живот од една друга перспектива.

Интерактивен настан на кој низ практични вежби од системската работа ќе откриете какви семејни заплети носат вашите родители и како истите влијаат во вашето секојдневие.

Постоењето во секојдневниот живот е движење. Комуникацијата со самите нас, со луѓето околу нас претпоставува размена на животна енергија која го движи и одржува во живот еден систем. При таа размена во еден систем или помеѓу системите, постојат динамики, кои го одржуваат или го вадат системот од рамнотежа, во зависност од начинот на кој дејствуваме или реагираме во тие процеси.

Колку го прифаќате вашиот живот и колку му викате ДА?
Кои се вашите системски задачи?
Што се правите за да ги одржувате системските вредности и верувања?
Дали ве водат инстинктите или интуицијата?
Ова се дел од прашањата кои низ практични вежби ќе ги работиме на овој системски интерактивен настан.

Приклучете се и откријте подлабоко што ве формира како личност и од кои фамилијарни динамики го градите вашето однесување, начин и стратегија за преживување.

Бројот на места за учество на настанот е ограничен до 12 учесници.

Предавач: Марина Анчевска – НЛП тренер, бизнис и лајфстајл коуч, мотивациски говорител и говорител на конференции, јога учител, холистички терапевт.

Вашата инвестиција изнесува 700 денари.

Пријавување и информации на 078 402 762 или на contact@centerbpsee.com