+389 2 61 44 875; +389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Сертифицирани Коучи

СЕРТИФИЦИРАНИ КОУЧИ

vesna-kardalevska

Весна Кардалевска, сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Practitioner и сертифицран практичар на програмата Systemic Dynamic Work Method.

По формално образование лингвист, двоен магистер по Југостисточно европски студии и Бизнис администрација (MBA), Весна е долгогодишен менаџер со 20 години богато работно искуство во меѓународни и мултикултурни организации.

Како сертифициран специјалист за подобрување на човечките и институционалните капацитети (Certified Performance Technologist), Весна долги години работи на организацискиот и човечкиот развој на различни институции и компании во земјава, а во последните четири години фокусот го става врз личниот и професионалниот развој на претприемачите во Македонија и Југоисточна Европа,  преку спроведување на обуки за комуникациски и презентациски вештини, вештини за справување во конфликтни ситуации, како и преку одржување на индивидуални и групни coaching  сесии. Во улогата на директор на Hub Скопје, Весна дава директна поддршка на старт-ап заедницата и младите претприемачи, поттикнувајќи го нивниот напредок.

Како лидер на тимови од различен состав и големина, како човек кој е ориентиран кон луѓето, Весна секојдневно ja практикува својата лична мисија на coach –ги поттикнува луѓето на отклучување на нивните сопствени внатрешни ресурси со цел да ги постигнат посакуваните промени, и ги насочува кон личен раст и  развој. Нејзината работа се заснова врз практицирање на НЛП  техники како и методи на системски динамики.

„Она од што ми потпевнува срцето е кога во очите на клиентот ќе се види  јасно поставена цел, кога од неговиот глас ќе се чуе јасна одлучност и предодредност за промена или пак кога тој ќе успее да допре до себеси со помош на некои нови помалку познати чувства“.

Контакти:

Тел: 076 360 107

Е-маил: vesnakardale@gmail.com