+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

СЕ Ѐ СИСТЕМ, СЕ Ѐ ПОВРЗАНО!

СЕ Ѐ СИСТЕМ, СЕ Ѐ ПОВРЗАНО!

СЕ Ѐ СИСТЕМ, СЕ Ѐ ПОВРЗАНО!

Влијанието на фамилијарните системи врз стратегиите за преживување!

Интерактивен настан на кој низ практични вежби од системската работа ќе открите кои динамики од вашето семејство ги преземате во вашата стратегија за преживување и како тоа се рефлектира во комуникацијата и однесувањето низ животот.
Постоењето во секојдневниот живот е движење. Комуникацијата со самите нас, со луѓето околу нас претпоставува размена на животна енергија која го движи и одржува во живот еден систем. При таа размена на енергии во еден систем или помеѓу системите, постојат динамики, кои го одржуваат или го вадат системот од рамнотежа, во зависност од начинот на кој дејствуваме или реагираме во тие процеси. А начинот на кој реагираме или дејствуваме се всушност нашите стратегии за преживување, кои се во голема мерка поврзани со тоа каде сме позиционирани во одреден систем – без разлика дали е тоа во семејството или пак во организацијата во која работиме. Секое наше дејствување или реакција на некое дејствување е во насока на барање на баланс во системот во кој припаѓаме или сакаме да припаѓаме.

Сите ние, сите луѓе сме поврзани и зависиме едни од други.

Дали сакате да навлезете подлабоко во вашите потсвесни процеси и од поширок агол да добиете увид во истите?
На кого сте лојални во вашата фамилија и која улога ја преземате? Каква е поврзаноста на вашата улога во фамилијата со однесувањето во организацијата во која работите? Како динамиките во вашата фамилија ве оформуваат како личност?

Ова се дел од прашањата кои низ практични вежби ќе ги работиме на овој системски интерактивен настан.

Приклучете се и откријте подлабоко што ве формира како личност и од кои фамилијарни динамики го градите вашето однесување, начин и стратегија за преживување.

Бројот на места за учество на настанот е ограничен: 12 учесници. 

Предавач: Марина Анчевска – НЛП тренер, бизнис и лајфстајл коуч, мотивациски говорител и говорител на конференции, јога учител, холистички терапевт.

Вашата инвестиција: 600 денари

Пријавување и информации: 078 402 762 и contact@centerbpsee.com