+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Системски НЛП стартер

Системски НЛП  стартер

Центарот за бизнис психологија повеќе од 12 години е прв акредитиран НЛП центар во Македонија.  Спојувањето на системската работа и НЛП го прави центарот уникатен и препознатлив. Марина Анчевска е првиот НЛП Мастер тренер во Македонија, а воедно и првиот регионален НЛП Мастер тренер, обучуван директно од Роберт Дилтс.

Зошто е важно да посетувате НЛП тренинг? Зошто е важно вашиот НЛП тренинг да биде токму Системски НЛП?

Колку често во животот сте нашле детелинка со четири ливчиња? Дали сеуште ви се случува да се наведнете и да побарате, или одамна се откажавте? Сите знаеме за верувањето дека да се најде детелинка со четири ливчиња – носи среќа.
Најважно во ова верување се зборовите “да се најде” и “носи”. Дали за да почувствуваме среќа треба првин да ја побараме, па да ја најдеме? Сите ние мечтаеме кон некаков баланс и секако дека не е секогаш лесно и едноставно да го одржиме.

Меѓутоа човекот функционира на четири полиња: ментално поле, поле на телото, поле на енергија и поле на душата.
Сите четири полиња преку кои свесно или несвесно дејствуваме, доживуваме, чувствуваме и комуницираме, креираат детелинка со четири ливчиња.

Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња. Откријте што е тоа што треба да го направите и од кое поле може да почнете. Дали надворешните тригери, околината, луѓето предизвикуваат дисбаланс во вашата детелинка на среќа или пак тригерот доаѓа одвнатре? Овие и многу други практични техники од НЛП и системската работа, се дел од НЛП Стартерот, кој што воедно е и почеток на вашата професионална НЛП едукација.

Истата е акредитирана од најреномираната НЛП асоцијација – American Board of NLP (ABNLP).

Ве покануваме да ни се приклучите и да го започнете вашето НЛП патување, кое како и на многубројните учесници до сега, така и на вас ќе ви донесе прекрасни промени на личен и професионален план. Вашата инвестиција за НЛП Стартерот изнесува: 10.450 денари.

Побрзајте и резервирајте го вашето место!

Поставете ги вашите прашања или пријавете го вашето учество на: 078 402762 или contact@centerbpsee.com