+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Што е НЛП?

Што е НЛП?

НЛП е акроним од Неуро-Лингвистичко Програмирање, име кое гиповрзува трите највлијателни компоненти содржани во човечкото постоење: неурологија, лингвистиката (јазикот) и програмирањето. Невролошкиот систем ги регулира како телото функционира, лингивстиката,односно јазикот ги детерминира односно објаснува како ние дејствуваме и комуницираме со останатите луѓе и нашето програмирање ги детерминира различните видови на модели на свет кои ги креираме. Невро-лингвистчкото програмирање ги опишува фундаменталните динамики помеѓу мозокот (неуро) и јазикот (лингвистиката) и како нивната врска се афектира на телото и однесувањето (програмирањето).

Зошто е корисно?

Невро Човечкото Однесување (исто така познато како НЛП) е мултидисциплинарна наука базирана на филозофија, лингвистика,антропологија, неуронаука, кибернетика и психологија. Исто така се однесува на фундаменталната интеракција помеѓу нашиот нервен систем, нашите потсвесни програми и нашиот јазик и како оваа интеркација го детерминира нашето однесување.

НЛП е насочено кон:

* Ефективната комуникација

* Бесконечните можности

* Променување на однесувањето

* Емоциите и верувањата

* Да се биде успешен во секој чекор кој го преземаме

* Учењето да биде оптимално употребувајќи ги сите потсвесни капацитети

* Забава во учењето на можностите

Насекаде низ светот извршните директори, менаџерите, проект менаџерите, директорите, професионалците во едукацијата, здравството и владите ги следат НЛП Програмите за да постигнат:

* Професионален и личен развој

* Самодоверба

* Повисоко ниво на комуникација

* Успех и ефикасност на работа и личниот живот

Употребата на НЛП има голем број на бенефити во личниот развој, како и во бизнисите и организациите. На пример НЛП овозможува:

* Подобра комуникација во давањето на услуги и сите видови на продажба

* Подобра свеност и контрола над себе си, повеќе почитување на чувствата на останатите, како и нивното однесување, со што се постигнува подобра емаптија исоработка

* Разбирање и радуцирање на стресот и конфликтите што многу помага за контрола на стресот и развој на самодоверба и асертивност

* Поставување на јасни цели и дефинирање на реални стратегии

* Подобрување на односот со клиентите и подобрување на продажбата

* Подобрување на вештините во работењето и намалување на можноста од загуба на клиенти

* Подобрување на ефективноста на луѓето, продуктивноста, а со тоа се зголемува и профитот.

 

Што сите успешни компании и успешни луѓе знаат за НЛП што можеби вие не го знаете?

Невро-Лингвистичкото Програмирање е екстремно моќен концепт и поголемиот број на резултати се фокусирани на технологија. НЛП има многу бенефити од неговата употреба во личниот развој и во развојот на бизнисите и организациите.

Дали сакате:

* Да ги подобрите своите резултати како лидер

* Да изградите исклучително добар тим

* Да ги промените правилата на игра или културата во вашата организација

* Да стекнете одлични комуникациски вештини

* Да бидете успешни во бизнисот и во личниот живот

* Да го поминувате времето правејќи ги работите кои навистина сакате да ги правите

* Да бидете поразлични

НЛП ги менува размислувањата, фокусирањето и мотивира во позитивна насока на самодоверба, а со тоа и подобро справување со вашите предизвици и успевате да се трансформирате себе си и бизнисот кој го работите

Искуството со НЛП тренинзите за многу од луѓето преставува искуство кое во целост им го менува животот и им овозможува одржлива промена.