+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Најчесто Поставувани Прашања

Најчесто Поставувани Прашања

Позитивните резултати кои се добиваат од примената на НЛП во пракса се најголемиот доказ за неговата успешност и функцоналост.

Доказите од искуството се најверодостојни сведоци за функционирањето на НЛП кои можете да ги прочитате на овој web site.

Заедничкото на НЛП со останатите методи е тоа што е насочен кон целите и ресурсите.

Но, за разлика од другите модели, НЛП располага со иновативни можности за опишување на нештата кои овозможуваат работа на промените без да се задржува на самата содржина, а со тоа ги поштедува клиентите да работат на себе си без да мора да разговараат за своите искуства.

Со помош на НЛП се доаѓа брзо и ефикасно до резултатите без непотребно задржување на содржината, а сте фокусирани само на структурата на гледање на работите.

Истовремено, НЛП нуди алатки кои можат да се применуваат во било кое време и промената која ја правите е долготрајна. Истовремено, секое наредно искуство учите како да прифатите во насока која е најдобра за вас.

Секако дека можете да се стекнете со теоретски знаења за тоа што е НЛП, неговата историја, на што е базирано, како и неговите принципи, но не и со нивната практична применливост. Практичното учење на НЛП е од исклучителна важност за да ги почувствувате неговите бенефити и функционалност.

Програмата трае 15 дена и се одвива во 5 модули. Секој модул трае по 3 дена чии термини се однапред утврдени и можете да ги погледнете во календарот на овој web site.

Целиот програм се одвива 6 до 9 месеци, еден викенд во месецот. Паузата помеѓу двата модули се користи за вежби и работа на материјалот кој е поминат.

Нашиот тренер д-р Јоке Ланд е д-р на психологија и има искуство од 20 години во својот реномиран институт за применета психолигија во Холандија.  Истовремено е системски семеен и организациски терапевт,  два пати Мастер тренер. Своето знаење од областа на НЛП го има стекнато на Универзитетот за НЛП директно од страна на Роберт Дилтс кој е татко на третата генерација на развој на НЛП.

Секој од сертификатите е меѓународно признаен и акредитиран од страна на American Board of NLPи е признаен и идентификуван насекаде во светот со тоа што вашата инвестиција во вашиот личен и професионален развој е во целост оправдана. Според пропишаните стандарди, ваша обврска е 100 проценти да учествувате на сите предвидени модули за да се стекнете со правото на овој сертификат.

Вашата едукација ја започнувате со NLP Practitioner Program® по чие што завршување добивате сертификат со кој станувате NLP Practitioner.

По завршувањето на NLP Practitioner Program®, доколку се одлучите да продолжите со вашата едукација и да ги продлабочите вашите знаењања продолжувате со наредното ниво, односно NLP Master Practitioner Program® по чие што завршување добивате сертификат со кој станувате NLP Master Practitioner.

Истовремено, со започнување на NLP Practitioner Program®, можете да ја започнете и  Total Coaching Program® со кој ќе се оспособите со знаења кои ќе ви овозможат да работите како индивидуален коуч, еден на еден.

Паралелно можете да ја следите Systemic Work Education® програмата независно од останатите програми.

Да, Центар за Бизнис Психологија, Системски НЛП, ЈИЕ организира и одржува Tailor made тренинзи специјално приготвени и прилагодени на компанијата која ги побарува.

Врз основа на потребата на компанијата, како и тимот се одредува и изработува специјална програма која е базирана на НЛП техники и промената која тренингот ја прави кај тимот е трајна и одржлива. Тимот добива алатки со кои ќе може да располага и да ги применува и по завршување на тренингот.

Времетраењето на овие тренинзи се одредува според потребата и големината на тимот со кој се работи.