+389 2 61 44 875; +389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Области на Примена

Области на Примена

НЛП е корисен во секојдневниот живот. Истовремено пронаоѓа примена во приватниот и професионалниот живот и овозможува значително подобрување на односите со луѓето со кои соработувате и живеете, со вашиот партнер, со вашите деца и пријатели.

Меѓутоанајголемата примена и успех го доживува во работната комуникација.

Одредени професии се најподложни на потребата од НЛП вештини и техники, особено оние кои инензивно работат со луѓе, клиенти, колеги или соработници. Но, исто така и во приватниот живот ја олеснува комуникацијата пред се со себе си, а со тоа и комуникацијата со другите.

Една од најчестите примени на НЛП е во продажбата.

Она кое што го гледате како фасцинанта продажба кај многу продавачи и трговци, всушност е НЛП. Што е тоа што ги прави успешни? Како нивните врски со нивните клиенти се поуспешни подолготрајни од оние на другите?

Како еден од врвните примери за успешни продавачи е Брајан Трејси кој всушност е и НЛП тренер.


Во големите системи и корпорации успешното управување и координирање со луѓето е клучно. Ако сте искусен менаџер, НЛП може да ви ги прошири видиците за луѓето. Ќе научите нови методи за да ги откриете нивните чувства и што е тоа што нив ги мотивира, кои се нивните цели. На тој начин ќе ги подобрите меѓучовечките односи помеѓу вас и вработените, како и помеѓу нив, подобрувајќи ја нивната ефикасност, а со тоа и ефикасноста и успешноста на компанијата.


За одличните преговарачи одамна владее тврдењето дека нивната успешност се базира на талент и дека се ретки. Во суштина тоа се само луѓе кои низ животот природно го научиле НЛП. Но денес, благодарение на НЛП добиена е есенцијата на нивното однесување, па така што врвноста во преговарањето може да се научи како способност со помош на НЛП.


Малкумина презентери успеваат до крај да го задржат вниманието на својата публика и при тоа да и пренесат знаење и информација, дури и да се работи за тешка материја. Разликата од останатите презентери се состои во начинот на презентирање, со внимателно набљудување на групата и нејзината динамика, како и следењето и управувањето на несвесните процеси на групата и поединците. Сето тоа лесно се учи со НЛП.


Со помош на НЛП техниките, едукаторите, наставниците и професорите учат техники како најдобро да го испрезентираат знаењето кое што треба да биде пренесено на нивните ученици и студенти. Препознавајќи ги сетилата со кои нивните ученици ги примаат информациите, тие ја прилагодуваат својата форма на пренос на информацијата, со што стануваат одлични едукатори чии резултат се успешни студенти и ученици.


Почетоците на НЛП биле токму фокусирани на проучувањето што всушност прават успешните психотерапевти. Во НЛП сихотерапијата не го истражува изворот, туку ја проучува сегашната состојба и бара модели со чија што помош таа состојба може да се промени, сегако со помош на програмирањето.


Потрагата за идеални луѓе за организациите претставува предизвик. Предизвик е да се препознаат личности кои што точно одговараат за позицијата која аплицирале, препознавајќи ја нивната мапа на светот, нивните вредности и верувања и што точно тие сакаат да постигнат, а со тоа и да постигнат за компанијата.


НЛП има многу техники кои се насочени кон внатрешниот свет и разговорот сами со себе. Голем број познати спортисти, особено во индивидуалните спротови како што е тенисот и атлетиката, применуваат НЛП техники за да ги пребродат кризите во клучните моменти со цел да го постигнат својот врвен резултат.


Работата со пациентите, независно за кој аспект од здравството се работи, социјалната медицина е од големо значење. Добриот работрт со пациентите, смиреноста во тешките ситуации може да бидат пресуди во моменти за спасување на човечки живот, како и за разбирање на состојбата на пациентите и нивно мотивирање и кревање на вољата како докажан дел од процесот на оздравување.