+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Историја на НЛП

Историја на НЛП

НЛП е формирано од Џон Гриндер (чија професија е лингвистика) и Ричард Бендлер (чија што професија била математика и гешталт терапија) со цел да создадат одличен модел за постигнување на максимални резултати од човечкото постење. Нивната прва работаСтруктура на магијата I и II (1975-1976) ги идентификувале вербалните и патерните на однесување на терапевтот Фриц Перлс (создавачот на гешталт терапијата) и Вирџинија Сатир ( интернационално реномиран семеен терапевт). Нивната следна работа се Патерни на хипнотичките техники на Милтон Х. Ериксон I и II (1975, 1976), ги проучувале вербалните и патерните на однесување на Милтон Ериксон, основач на Американското здружение за Клиничка Хипноза и еден од најмногу широко образуваните и клинички успешни психијатри.

johnrichard

Како резултат на оваа работа, Гриндер и Бендлер ги формализирале техники и своите индивидуланите сознанија под иметоНевроЛингвистичко Програмирање за да ја симболизира врската помеѓу мозокот, јазикот и телото. Основите на овој модел се опишани во серија на книги како Од жаби во принцови (Бендлер и Гриндер, 1979), Невро-Лингвистичкото Програмирање I (Дилтс, Гриндер, Бендлер, Де Лозиер, 1980). Низ годините, НЛП развива многу моќни алатки и вештини за комуникација и промена со широк ранг од професионални полиња како : консалтинг, психотерапија, едукација, здравство, креативност, право, менаџмент, продажба, лидерство и родителство.

НЛП сега е во третата декада од неговиот развој и значително е развиено од неговите почетоци во средните 70-ти години. Низ годините, НЛП буквално се раширува насекаде низ светот и ги допрело животите на милиони луѓе. Од 1990, новата генерација на НЛП се развива. Оваа форма на НЛП создава генеративна и системска апликација и се фокусира на високи нивоа на предизвици како идентитет, визија и мисија. Повеќе детали за оваа нова генерација можат да бидат најдени во NLP II: The Next Generation – Enriching the Study of Subjective Experience (Дилтс, Де Лозиер и Бејкн Дилтс).