+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

„Љубов и бизнис“ – КОНФЕРЕНЦИЈА

„Љубов и бизнис“ – КОНФЕРЕНЦИЈА
Бидете дел од елитниот настан „Љубов и бизнис“  – мотивациска конференција

Слушнете ги тајните на успехот на познатите мотивациски тренери и успешни бизнисмени, од кои ќе научите како да дојдете до резултатите кои ги посакувате. Доведете го вашиот бизнис и кариера на едно сосема ново ниво создавајќи негораничени можности!

Време: 3-ти Ноември 2016г., 09:00 – 16:00 часот     |     Локација: Holiday INN  – Скопје

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА:

  • Претприемачи;
  • Директори, менаџери;
  • Тренери;
  • Консултанти од јавниот, приватниот и невладиниот сектор;
  • Студенти и
  • Невработени лица.

Учесниците ќе имаат можност за интерактивен разговор, да ги споделат своите идеи и да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа.

 Учесниците на конференцијата ќе ги унапредат своите познавања и погледи за:

  • Како само една практична идеја може драстично да влијае на успехот на Вашата компанија и увид на бизнис моделот и тактиките за успех од најдобрите и најуспешните;
  • Како Вашата работа да ја работите со љубов и емоција, а не дека морате да го правите тоа;
  • Дознајте од која емоција делувате во работата и како сето тоа се рефлектира на Вашите резултати;
  • Како со менување на вашиот mindset можете да постигнете врвни резултати во Вашата кариера;
  • Како клиентите да Ве изберат токму вас во време на огромна конкуренција;
  • Како да изградите вистински вредности поради кои ќе бидете препознатливи и барани на пазарот;
  • Како да напредувате во својата компанија останувајќи на својот идентитет;
  • Начини и вештини за надминување на кризните периоди во бизнисот и кариерата;
  • Нови знаења и бизнис информации кои ќе бидат од непроценлива вредност за развојот на Вашата кариера и Вашата компанија;
  • Практичен увид за најесенцијалните вештини потребни за напредок во денешната бизнис околина, директно од личните искуства на некои од најпознатите менаџери во Македонија и регионот.

Можност за networking – запознајте ги Вашите потенцијални клиенти, соработници и бизнис партнери, на местото каде што ќе се сретнат најиновативните лидери од бизнис секторот.