+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Системско работење

Системско работење

Методот на Системска работа потекнува од работењето на Морено, Сатир, Наги, Хелингер и други. Системската работа го разгледува севкупниот систем, а особено скриената динамика на која се заснова тој систем, а која има огромен ефект врз системот. Оваа динамика може или да го поддржува системот или да го заплеткува.

Системот е целина составена од делови. Секој дел на системот е поврзан, или има сопствено влијание врз секој друг дел. Секоја компонента дејствува како дел од поголема целина. Потребите на системот во некоја смисла го диктираат изборот што го прави одделен дел. Компонентите на системот повеќе функционираат според нивната местоположба во поврзувањето отколку според нивната личност. Системот е жива материја која постојано се движи.

Една организација, на пример, е жив систем, исто како и едно семејството. Како член на организацијата или семејството, ние сме поврзани со другите членови. Оваа поврзаност е процес кој постојано се менуваЗа секое дејство некаде во системот се јавува реакција, која пак има повратно влијание врз дејството. Системот го одржуваме во движење и во рамнотежа, колку што е можно повеќеКако член на системот, забележуваме кога системот не е во „ред“ и кога рамнотежата е нарушена. Потоа го придвижуваме системот со цел да се обидеме да ја обновиме рамнотежате во него.

Системската работасе занимава со длабоко скриената динамика и несвесната основа која влијае врз изборот, однесувањето и резултатот. Ова се прави со цел да се открие невидливотo,да се обезбеди отворање кое овозможува донесување еден нов вид на јасност. Системската работа ги опфаќа односите на сите членови на системот, заплеткувањата кои ја блокираат слобода и растежот. Таа обезбедува информации од минатото кои значително влијаат на сегашноста. Од оваа перспектива, може да се најде објаснување за непознатите аспекти кои го одржуваат актуелен проблемот и да се укаже на патот кон негово разрешување.

Од една страна, системската работа дејствува на ниво на различни членови во системот, од друга страна пак, работи на ниво на семејството или организацијатакако целинаОваа целина, како систем, исто така е поврзана со поголеми системи како градови, земји, култури итн. На ниво на членови на системот, системската работа понекогаш се занимава со проблеми во семејството кои се манифестираат во надворешниот свет, или внатрешно кај членот на семејството.Проблемите исто така можат да се манифестираат и во организацијата во која членот на семејството работи.

Кога се справуваме со проблеми на ниво на организација, честопати станува збор за ситуација во системот и за степенот до кој подреденоста во скриената системска динамика е заплеткана, нарушена или блокирана. Ова може да предизвика различни компликации или раздразнетостПокрај тоа, може исто така да предизвика и поголеми проблеми кои не можат да се решат со едноставно решение, заради подлабоката скриена динамика на системот која се повторува сè додека тие не се решат.

Тренер на програмата

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ СЕКОГАШ ПОДОБРИ

Настани