+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Hero’s Journey – Приказната за нас – Како да се биде хуман!

Hero’s Journey – Приказната за нас – Како да се биде хуман!

20180109090407

17 Февруари 2018, Сабота,
09.30 – 16.00 часот,
Јавна соба – Public Room

Hero’s Journey – Херојско Патување
Приказната за нас – Како да се биде хуман! 
17 Февруари 2018, Сабота, 09.30 – 16.00 часот
Јавна соба – Public Room

Интерактивен, мотивирачки тренинг не само за Вас индивидуалците, туку и за сите компании кои што сакате да ги инспирирате и мотивирате Вашите вработени.

Започнете го Вашето херојско патување со Марина Анчевска, првиот мотивациски говорник во Македонија, меѓународно сертифициран НЛП Тренер и коуч.
Препознатлива по својот инспиративен стил и професионалност, секогаш успева да креира промени и на многу конференции и настани, нејзините слушатели да ги раздвижи ментално, физички и емотивно.
Своето долгогодишно искуство и знаење, стекнато лично од најуспешните, меѓу кои Tony Robbins и Eric Worre, го пренесува на свој уникатен начин, лесно прифатлив и веднаш применлив.

27720775_10215667159215712_1943223674_n

Преку моќните НЛП техники, провокативни коучинг прашања, техники на дишење и секако забава, овој инспиративен и интерактивен тренинг, може да Ви донесе целосно ослободување на Вашиот внатрешен потенцијал!

Овој пат со нас ќе бидат Ирена Спировска, Климентина Илијевски, Ване Маркоски, Сузана Монева и Александар Велиновски.
Животот се случува сега и овде. Секој од нас е на своето херојско патување. Сите ние заедно сме на колективно херојско патување.

Tumblr Post(6)Tumblr Post(4)

Tumblr Post(3)

Tumblr Post(8)

Tumblr Post(7)

АГЕНДА


09.30 – 10.00 РЕГИСТРАЦИЈА!!! Почнуваме точно во 10 часот и влегуваме во акција. Ако не дојдете од почеток потешко ќе се вклопите во програмата, бидејќи има редослед на вежбите!

10.00 – 10.45 Која е вашата приказна? Какво е вашето херојско патување? Што ве прави човек, хуман човек?

10.45 – 11.30 Основни човечки потреби. Вашите потреби ги креираат вашите вредности, а со вредностите мерите дали е нешто важно и вредно за да инвестирате време, пари и енергија.

11.30 – 12.00 Менталниот имунитет го поддржува и поттикнува физичкиот имунитет. Научете едноставна техника која што ќе ве раздвижи, прочисти и фокусира.

12.00 – 12.45 Пауза за кафе и лапни голтни

12.45 – 13.45 Мотивирајте се од херојските патувања на: Ирена Спировска, Климентина Илијевски, Ване Маркоски, Сузана Монева и Александар Велиновски. Слушнете ги нивните херојски патувања! Сите ние, независно од тоа од каде потекнуваме, имаме едно нешто заедничко: Сите сме луѓе!

13.45 – 15.00 Каде и да одите секогаш себе си се носите и никогаш не можете да побегнете од фамилијарните динамики. Истите влијаат врз вашето однесување, начинот на кој што донесувате одлуки, избирате работа, партнер итн. Практична техника за да ги откриете вашите фамилијарни динамики.

15.00 – 15.30 Каква е вашата стратегија на преживување и кој е клучот за трансформација. Што ви говори срцето? Практична техника!

15.30 – 16.00 Која интелигенција е потребно да ја развивате за да бидете уште поголем човек? Најважното прашање во процесот на развивање на личното лидерство е:
Дали би се следеле себе си?

image-0-02-05-b5a2b385369fccbbc626fde637eb06836fe83e533b5500dc8062d2abe04a3f49-V

Животот ги наградува оние кои што преземаат акција. Оние кои што наоѓаат начин како да бидат подобри, похумани, порадосни, да бидат повеќе човек. Животот не треба нас да ни даде шанси, здравје, богатство и среќа, туку обратно. Ние сме тие кои што на својот живот ќе му дадеме повеќе здравје, преку нашето дејствување ќе креираме повеќе шанси и на светот ќе му дадеме повеќе радост и човечност.

Дали ќе останете во познатата зона или ќе се впуштите во потрага кон нови искуства и знаења, зависи од самите Вас. Темната пештера е дел од трансформацијата. Во неа секогаш се соочувате со самите себе. Се додека не најдете начин да ја осветлите пештерата, вие ќе останете во темнината.

Започнете да се движите. Отворете ги широко очите и погледнете го својот живот, слушнете го и почувствувајте го светот околу Вас.
Започнете го Вашето херојско патување. Направете некоја промена која што ќе Ви донесе радост во Вашиот живот.

Вашата инвестиција за да го разбудите херојот во вас изнесува:
3.500 денари. Сите корисници на Lyoness, добиваат cashback!
За повеќе од 5 учесници од компании, добивате 10% попуст, за повеќе од 10 учесници добивате 15% попуст.
Искористете и дополнителен ваучер со попуст, доколку одлучите да ја започнете меѓународно сертифицираната НЛП програма.
Секој учесник на Херојското Патување добива 30 евра попуст од цената на чинење на НЛП Стартерот кој ќе се одржи на 6, 7, 13 и 14 Март.

Задолжително пријавете го своето присуство на:
078 402 762 или на contact@centerbpsee.com