+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Just Me

Just Me

Обука за начин на живот – „Во врска со себеси“

Дали некогаш сте се запрашале: “Кога јас престанав да бидам она што сум?”

Оваа динамична, интерактивна и енергична обука може да ви донесе промени на личен и на професионален план.

За два дена ќе научите самостојно да управувате со практични и интерактивни техники од НЛП, јога, емоционална интелигенција, системска работа и танцова енергија. Пет ефективни техники интегрирани во една обука за подобра рамнотежа на телото, умот и душата!

Вие може да бидете она што сакате да бидете. Ако не сте, што е тоа што ве спречува?

Дали одложувате работи бидејќи губите мотивација?

Дали често користите изговори како: немам време или пари, јас сум си таков тип на човек, таке е како што треба да биде?

Дали сега е лесно за Вас да  промените некои навики?

Дали имате чувство дека сакате некој вид на промени, но не знаете како да го направите тоа?

Ако еден или повеќе одговори на овие прашања е “да”, тогаш оваа обука е вистинскиот избор за Вас!

На оваа дводневна обука ќе научите едноставни, практични и корисни техники за управување со вашето тело, структурата на вашето размислување и состојбата на вашиот ум, со цел да бидете во контакт со себе повторно.

Обуката може да направи промена, не само во вашиот личен живот, но исто така и во областа на професионалниот живот.

Истата може да ви донесе алатки за управување со вашата вообичаена секојдневна работна обврска, во комуникација со вашите клиенти и колеги, да ја зголеми вашата мотивација и продуктивност, а во исто време да се чувствувате поенергични и задоволни со вашата работа.

Што добивате:

Ќе научите како да се биде во контакт со вашето тело и ум и на тој начин ќе бидете во можност да го изберете она што најдобро е за вас.

Ќе видите што Ве носи во акција и како да ги промените стратегиите кои Ве спречуваат да го добиете она што го сакате.

Ќе откриете која е позитивната намера на сите Ваши одложувања и на тој начин едноставно ќе се мотивирате свесно да се движите кон целта.

Животот во емоција! Трансформирајте ги вашите чувства и почувствувајте ја нивната моќ.

На обуката се комбинираат различни техники кои ќе Ви овозможат од различни аспекти да ја видите целата и реалната слика за себе.

Самоуправувањето е процес кој е во постојано движење.

Секогаш имате избор. Сега кога го знаете тоа, што Ве спречува да го изберете најдоброто за себеси? Направете го тоа сега!


Програма


Ден 1 – Телото и умот се едно
10:00-10:30 Состанок
10:30-11:30 Животот е емоција. Која е мотивационата енергија во Вашиот живот?
11:30-11:45 Освежување
11:45-12:30 Самоуправување преку телото
12:30-13:30 Ручек
13:30-14:45 Која емоција Ве движи, а која Ве стопира?
14:45-15:00 Освежување
15:00-16:00 Вашите мисли го создаваат Вашиот живот

Ден 2 – Живот со цел
10:30-10:30 Животна авантура
10:30-11:30 Вашата животна линија. Дали сте во сегашноста, минатото или иднината?
11:30-11:45 Освежување
11:45-12:30 Семејни системи и како тие влијаат врз Вас?
12:30-13:30 Освежување
13:30-14:45 Живот со цел
14.45 – 16.00 Енергичен танц – ослободи ја енергијата во себе!

Вашата инвестиција во себе е: 4.800 денари
Покрај дводневната обука добивате 10% попуст на еден час индивидуална тренинг сесија и 20% попуст за првиот модул од акредитираната НЛП програма.

Тренер

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ