+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Let’s talk about business

Let’s talk about business

Ајде да зборуваме за бизнис!
КОУЧИНГ И ЛИДЕРСТВО

Бланка Лашич од Хрватска
Срџан Павлович од Србија
Марина Анчевска од Македонија
Маја Ацески од Македонија

Зошто токму оваа тема?
Бидејќи коучингот и во Македонија се повеќе се препознава како алатка за успешно менаџирање на луѓето и процесите.
Доколку секоја организација или поединец ги користи коучинг техниките ќе може свесно да превземе лидерство за својот живот, работа и цели кои што сака да ги оствари, лични и организациски.
Лидерството е секогаш актуелна тема меѓутоа ние ќе говориме за свесно лидерство!

Со овој настан ќе започнеме едно ново движење кое што ќе предизвика промени на колективно ниво. Целта е преку организирање на настани, тренинзи и дебати да ги поттикнеме луѓето да ја разбудат страста во себе и свесно да превземат одговорност за личната среќа и задоволство, незаборавајќи ја колективната поврзаност и припадност.

Не е доволно да инвестираме во професионалниот и личниот развој. Потребна ни е свесност за менталниот и физичкиот имунитет. Самосвест за тоа како наученото го приенуваме во секојдневното живеење и работење и што истото предизвикува во околината т.е. какви резултати ни носи.
Ве покануваме да бидете дел од овој интерактивен настан,
да се инспирирате, вмрежите и да бидете дел од нешто поголемо.

Настанот ќе се одржи на 4 јуни од 18 до 20 часот во просториите на Јавна соба!

Кој може да присуствува?
Секој поединец кој што е отворен кон проширување на рамката низ која што се гледа и развива себе си.
Секој професионалец од било која организација кој што сака да дознае за практичноста на коучингот и да го разбуди лидерот во себе.

Наши гости:
Бланка Лашич, основач на компанијата MINIDIST во Хрватска, тренер и консултант.
Нејзината најголема страст во работата со поединци и организации е, преку различни методи на развој да ги води луѓето и организациите кон зголемување на нивниот потенцијал.
Таа е динамична, инспиративна и секогаш спремна да го разбуди лидерот во вас.

Срџан Павлович, основач на CET – Coaching Expert Team во Србија, компанија која што се занимава со професионален коучинг, тренинг и консалтинг. Истата го издава и реномираното коучинг списание “Business Coaching Magazine”, кое што е се повеќе застапено во голем дел од компаниите на Балканот, а од неодамна и во Македонија.

Марина Анчевска, основач на првиот НЛП центар во Македонија – Центарот за бизнис психологија, Системски НЛП, меѓународно акредитиран НЛП Тренер и коуч.
Како инспиративен лидер во областа на личниот и професионалниот развој во Македонија, Марина постојано креира нови проекти, настани, тренинзи и дебати, се со цел да ја подигне свеста за системската поврзаност и свесното лидерство.

Маја Ацески, еден од основачите на ММ Ивенти организатор и модератор на настанот.
Признаена во бизнис секторот, НЛП практикант, јогин своето искуство го користи во развивање и подршка на концептот свесно лидерство со организирање и креирање на настани и проекти.

Програма:
17.30 – 18.00 Регистрација
18.00 – 18.15 Отворање на настанот
18.15 – 18.45 Коучингот како алатка за успех. Интерактивна сесија на која што ќе можете веднаш да ги разберете и почувствувате придобивките од коучингот.
18.45 – 19.15 Лидерство – Професија или стил на живеење? Интерактивна сесија која што ќе го разбуди лидерот во вас.
19.15 – 19.45 Свесно лидерство – Дали би се следеле себе си? Почувствувајте како е да се живее свесно – интерактивна сесија.
19.45 – 20.00 Претставување на нешто големо и значајно!

Ваша инвестиција:
400 денари со вклучен пијалок.
*Доколку уплатата ја извршите преку вашата компанија со издадена фактура во цената ќе се вклучи 18% ддв.

За информации и резервација на место на:
mmeventsmk@gmail.com
070 379160

Со почит,
ММ Ивенти