+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Системски НЛП

Системски НЛП

Зошто е важно вашиот НЛП тренинг да биде токму Системски НЛП?

Како единствен Системски НЛП центар на Балканот, преку акредитираната НЛП едукација ви овозможуваме поинаков и уникатен процес на личен и професионален развој.

Индивидуата е дел од еден поголем систем во секаков вид на партнерство, семејство, тим, организација, во општеството.
Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на групата т.е. системот.

Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.
Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.



Поврзаноста на НЛП со Системската работа

Со основањето на НЛП програмата во Америка, во далечната 1975 година, голем дел од техниките се базирани според  методите на работење на најпознатиот семеен терапевт во историјата, Вирџинија Сатир. Таа е основополжник на семејната терапија.
Подоцна, во осумдесетите, со приклучувањето на Роберт Дилтс , Невро лингвистичкото програмирање се повеќе ги вклучува семејните и организациските динамики и ги открива поврзаностите и влијанијата на сето она што е дел од еден систем.

Преку НЛП техниките промените се случуваат на ментално поле, додека преку системската работа промените се случуваат на едно друго ниво, поле на енергија и поле на душата.

Овој практичен системски пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.

Покрај работата на личните, семејни системи со огромна посветеност работиме и на организациските системи бидејќи во нив исто така се испреплетени различни системски динамики кои што се значајни за успехот на тимовите и организацијата во целина.

Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција.
Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.

Системскиот НЛП организациски тренинг и коучинг поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможуваат нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на тимска или организациска динамика.

Како може овој Системски НЛП да помогне?

  • Практичните вежби за откривање на системските динамики даваат јасни и прецизни увиди во семејните и организациските системи.
  • Ефектите од несвесните системски т.е. семејни динамики се видливи преку однесувањето на индивидуата. Системскиот НЛП овозможува рамка за откривање, разрешување и разбирање на истите, што всушност е од клучно знчење во креирањето на ефективни промени во секојдневниот живот.
  • Со идентификување на силните и слабите страни во семејниот или организацискиот систем, се менува фокусот од индивидуата кон поширокиот систем што овозможува развивање на самосвесноста и емоционалната интелигенција.
  • Подобро разбирање како функционира индивидуата во системот и самиот систем, семеен или организациски како целина.
  • Го зацврстува целиот систем.

Какви резултати може да очекувате од Системскиот НЛП?

  • Освестување на “слепите точки” во однесувањето и дејствувањето придонесуваат за зголемена самосвесност и емоционална интелигенција.
  • Ефективно себе – менаџирање и успешно лично лидерство.
  • Зголема продуктивност, бизнис перформанси и лична одговорност.
  • Развивање на системска перспектива и разбирање на комплексните динамики во семејните или организациските системи.
  • Развивање на колективна перцепција и системско лидерство.

Вистинска промена се случува само доколку ги разбереме семејните и организациските поврзаности и динамики. Доколку не ја знаеме минатата структура  и не ја погледнеме индивидуата од една поширока димензија, тогаш никогаш нема да разбереме што е тоа што пробуваме да го смениме.

Во иднината, минатото е секогаш присутно! 

Инвестирајте во уникатна едукација која е овозможена преку акредитираната  Системската НЛП програма и погледнете го својот живот од една друга, проширена и надградена перцепција.   

Митко Керамитчиев

Митко Керамитчиев

Teacher

професионален тренер-консултант

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ