+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

БИЗНИС КОУЧИНГ ПРОГРАМА

БИЗНИС КОУЧИНГ ПРОГРАМА

БИЗНИС КОУЧИНГ ПРОГРАМА

 

 

Бизнис коучинг методологијата е високо фокусирана кон резултати, промовирајќи го развојот на нови стретегии на размислување и дејствување, што е всушност спротивно на решавање на проблеми и минати конфликти.

Коучингот, како алатка, се применува индивидуално и тимски, за управување со вработените и усогласување на личните и организациските цели на секој професионалец.

 

Модул 1 – Основи на бизнис коучингот

 

Првиот модул од Бизнис Коучинг програмата е дизајниран со цел да се запознаете со основните коучинг техники и истите да почнете практично да ги применувате.

Модул 1 – Ден 1

Бизнис Коучинг:

  • Процес на коучирање
  • Критериуми за коучот и пораката која што ја испраќа коучот
  • Комуникациски модел
  • Комуникација со EQ
    • Емпатија како средство и како цел
    • Доверба

 

Модул 1 – Ден 2

Коучинг техники:

  • Калибрирање и рапорт
  • Со кое сетило комуницирате и зошто е тоа важно?
  • Што ви говорат очите на соговорникот?
  • Откривање на сопствениот комуникациски стил
  • Ефективна комуникација со луѓе со различен комуникациски стил

 

Домашни задачи:

  • Откривање на комуникациски стилови на луѓето од нашето секојдневие
  • Примена на rapport, калибрирање

 

 

 

 

Модул 2 – Методологија на Коучинг јазикот

 

Најосновното и најважното правило во коучингот е: Коучот е тој кој што ја следи структурата на размислувањето на клиентот, а не содржината!
За тоа е потребно коучот да има одлично познавање на Мета јазикот.
Јазикот кој што го користиме има одредена структура.

Во вториот модул ќе научите како да поставувате Мета прашања со цел да ја одвоите содржината од структурата и на тој начин многу поедноставно да го насочите клиентот кон посакуваната промена.  

Модул 2 – Ден 3:

 

  • Употреба на прашалните техники во процесот на личен и деловен коучинг
    • Видови прашања и нивната примена
      • Од проблем кон цел
    • Анализа
    • Појаснување
    • Парафразирање
    • Резимирање
  • Фидбек
    • Типови на фидбек и придобивките од нив
    • Сигнали кои укажуваат на потребата од фидбек

Домашни задачи:

  • Вежбање на примена на прашални техники
  • Од барање кон прашање до посакуваниот ефект
  • Барање и давање фидбек во секојдневната комуникација

Модул 2 – Ден 4:

  • Јазични мета модели
  • Бришење, генерализација или искривување
  • Мета прашања
  • Справување со конфликти со коучинг техники
    • Добри и “лоши” конфликти?

 

Домашни задачи:

  • Дисоцирање од содржината и емоциите во секојдневната комуникација
  • Примена на коучинг прашања

 

 

 

Модул 3 – Практична примена на коучинг методологија  со поединци и тимови

 

Третиот модул од бизнис коучинг програмата содржи практични техники применливи во секојдневното управување со тимови и со вработените од сите сектори.

 

Модул 3 – Ден 5

  1. Нивоа на коучинг
  • From Coach to Аwakener
    • Кој е вашиот бизнис стил на однесување, дејствување, коучирање?
  • Модел на коучинг сесија и методологија на работа:

30 минутна коучинг сесија

60 минутна коучинг сесија

  • 2-часовна видео конекција со Patricia Conlon – HR Expert & Business Coach од Р. Ирска
    • Tips & Tricks за ефективен коучинг

 

Домашни задачи

  • Реални коучинг сесии според дадената методологија (минимум 2)
  • Писмени извештаи од спроведените коучинг сесии со зададена форма/темплејт
  • За Workshop-от дојдете со свој „проблем“ на кој некој колега ќе изработи коучинг сесија со вас последниот ден
    • Истото ќе го направите вие со некој ваш колега

 

Модул 3  – Ден 6

 

Workshop – Практична примена коучинг методологијата

  • Повратни информации од „домашните задачи“
  • Конкретни коучинг сесии на реални проблеми и прашања
  • Доделување на цертификати за бизнис коучинг програмата!

 

 

 

 

  • Програмата е наменета за:
    • Менаџери од средно и високо ниво
    • Извршни менаџери
    • Менаџери на сектор за човечки ресурси
    • Тим лидери
    • Тренери
    • Млади менаџери во развој
    • Супервизори
    • Сите заинтересирани за инвестирани во својот личен и професионален развој

 

  • Придобивки од програмата:
    • Унапредување на ефективноста на комуникацијата
    • Откривање и искористување на своите и потенцијалите на другите
    • Учење на ефективни начини за промена на однесувањето и емоционална трансформација
    • Практични техники за воспоставување на рамнотежа помеѓу телото, умот и емоционалните процеси
    • Откривање на своите лични подлабоки несвесни вредности и способност истите да се препознаат кај другите со цел да го мотивираат вистинскиот потенцијал кај секој поединец
    • Техники за задржување на фокус на верувањата и вредностите наместо на однесувањето со цел да се задржи тимската кохезија и организацискиот систем
    • Креирање на свесност за организациската системска поврзаност
    • Подигање на способност за системска перспектива со цел за фокус кон решенија
    • Освестување на моќта на личното лидерство и влијанието врз другите

 

  • Методологија:
    • PowerPoint презентации
    • Мултимедијални содржини
    • Прашалници
    • Индивидуални вежби
    • Групни вежби
    • Дискусија

 

 

 

 

 

 

 

Што добиваат учесниците:

  • 24 работни часа
  • Една индивидуална коучинг сесија
  • Работни и материјали за пост-тренажно надградување
  • Темплејти за водење на коучинг сесии
  • 2-часовна видеоконекција со Patricia Conlon – HR Expert & Business Coach од Р. Ирска

 

Ваша инвестиција:

  • 300,00 по учесник
  • 400,00 во случај на двајца учесници од иста организација
  • 500,00 во случај на тројца или повеќе учесници од иста организација

Забелешка:
Потенцијалните учесници кои поминале сертифицирана NLP Practitioner програма имаат право на дополнителен попуст

 

Услови за добивање на коучинг сертификат:

  • Задолжително присуство и активно учество на сите модули и предвидени часови
  • Комплетирање на домашните задачи
  • Доставување на писмен (електронски) извештај од комплетирани коучинг сесии (минимум 2)

 

Календар на програмата:

  1. 11.2018
  2. 11.2018
  3. 11.2018
  4. 12.2018
  5. 12.2018 – Patricia Conlon
  6. 01.2019
  7. 01.2019

 

… во период од 14.00 – 18.00 ч.

 

 

 

 

 

 

 

 


Тренери
:

Митко Керамитчиев (МВА), е професионален тренер-консултант чија консултантска кариера е продолжение на повеќегодишниот работен ангажман во компании од интернационален карактер.

Во рамките на вредниот стаж акумулиран како менаџер во неколку гиганти во својата област, како Wrigley’s, Allied Domecq, AWT International, Alma-M имал прилика директно да соработува со компании и брендови лидери во својата категорија како – Ballantines, Colgate-Palmolive, Johnson&Johnson, Phillips, Hip, Johnson Wax, Nestlè и многу други.

Тренерското портфолио на Керамитчиев брои 30-на различни обуки за soft skills поделени во два сегмента – продажни и менаџмент. Професионален soft skills тренер е од 2006 година.

Листата на компании за чии претставници во отворени или inhouse варијанта Митко Керамитчиев одржал успешни обуки (над 630 во 10-на европски држави) брои повеќе од 500 и меѓу другите ги вклучува речиси сите поголеми македонски компании.

Основач е на Aquila Development (Aquila.mk) тренинг и центар за деловен консалтинг.

Автор е на книгата Петта Димензија, Нова Парадигма за Животот, издадена во 2008 г.

 

 

Марина Анчевска, Основач на Центарот за бизнис психологија (2007) е дипломиран етнолог, меѓународно акредитиран НЛП Тренер, бизнис тренер и тренер за личен развој, мотивациски говорник на бизнис настани и конференции, холистички терапевт, јога учител и писател.

Центарот за бизнис психологија, Системски НЛП, ЈИЕ е првиот центар кој обезбедува меѓународно акредитирана НЛП сертификација во Македонија. Покрај НЛП едукацијата, центарот организира и корпоративни тренинзи на различни теми, кои што веќе ги имаат посетено голем број на реномирани организации во Македонија од различни сектори, како и амбасади и меѓународни организации.

Марина Анчевска, својата кариера како тренер за личен и професионален развој ја започна во Холандија, каде што живееше 17 години.

Во текот на годините, преку нејзината работа со голем број на индивидуи и компании во Македонија, Холандија и Ирска, таа има развиено свој уникатен стил на тренинг и коучинг, кој е мотивирачки и полн со почит кон клиентите. Нејзиниот пристап ги охрабрува другите да прават долготрајни промени во нивниот личен и професионален живот.

Таа е многу почитуван гостин на голем број телевизиски и радио станици и говорниk на конференции во национални и меѓународни рамки. Исто така, пишува статии за списанија и национални весници во врска со интересни теми од областа на личниот и професионалниот развој.  Низ годините, во својот процес на личен развој, таа стекнува сертификати за јога учител и холистички терапевт и добиените вештини успешно ги вметнува во различните програми за обуки, согласно потребите за развој на модерниот човек на личен и професионален план.

Долгогодишното искуство како тренер, коуч, холистички терапевт и јога учител ја обезбедува комбинацијата која е потребна да им помогне на поеднците и професионалците да ги достигнат поставените цели, како и да ги остварат посакуваните физички резултати, да имаат добро здравје и спокојство.

Во 2017-та година ја објавува својата прва книга „Едноставно јас“, која исто така е првата книга за личен развој во Македонија, напишана од македонски автор.

Митко Керамитчиев

Митко Керамитчиев

Teacher

професионален тренер-консултант

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

КАКО ФУНКЦИОНИРА КОУЧИНГОТ

Интервју
Кога ќе не контактирате за коучинг, можете да одредите за кој тип на коучинг сте заинтересирани. Целта на ова интервју е да се запознаеме меѓу себе, да говориме за целите и очекувањата од коучингот.

Локација
Коучингот може да се одржи на било која локација: Во вашите бизнис простории. Во нашите тренинг локации во Скопје.

Контактирајте не и ние ќе најдеме локација што ќе одговара на двете страни.
+389 2 61 44 875
+389 78 402 762

НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ

Програмата претставува дел од сертифицираната Total Coaching® програма. За повеќе информации околу цената и начинот на плаќање контактирајте не на +38978 402 762 и contact@centerbpsee.com

Локација
Центар за Бизнис Психологија, Системска и НЛП, ЈИЕ

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ СЕКОГАШ ПОДОБРИ

Настани

november

3nov10:00 am- 4:00 pmNLP Practitioner Module 5
4nov10:00 am- 4:00 pmNLP Practitioner Module 5
5nov5:00 pm- 8:30 pmNLP Practitioner Module 5
8nov7:00 pm- 9:00 pmArt & Coaching
10nov10:00 am- 4:00 pmNLP Master Practitioner Module 3
13nov5:00 pm- 9:00 pmNLP Starter
14nov5:00 pm- 9:00 pmNLP Starter
17nov10:00 am- 1:00 pmCairo conference
20nov - 22decnov 2010:00 amdec 22Beirut NLP Training
24nov10:00 am- 4:00 pmNLP Master Practitioner Module 4
27nov5:00 pm- 9:00 pmNLP Starter
28nov5:00 pm- 9:00 pmNLP Starter