+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Програма НЛП Practitioner

Програма НЛП Practitioner
Practitioner-1

Како единствен Системски НЛП центар на Балканот, преку акредитираната НЛП едукација,
ви
овозможуваме поинаков и уникатен процес на личен и професионален развој.

Зошто е важно вашиот НЛП тренинг да биде токму Системски НЛП?
Индивидуата е дел од еден поголем систем во секаков вид на партнерство, семејство, тим, организација, во општеството.
Овој системски пристап ги идентификува процесите на комуникација и однесување во системот, базирани на вредностите и уверувањата на групата т.е. системот.

Во позадина на однесувањето, дејствувањето, мотивацијата, одлучувањето, како и сите други секојдневни лични и професионални процеси, се испреплетени сите динамики на семејните системи од каде што доаѓаме.
Откривањето, разбирањето и разрешувањето на несвесните обрасци т.е. динамики во било кој тип на системска релација, може да креира значајна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето.
Овие динамики не можат да се разрешат без да се разбере динамиката на групата, на системот.

Од каде доаѓа поврзаноста на НЛП со Системската работа?
Со основањето на НЛП програмата во Америка, во далечната 1975 година, голем дел од техниките се базирани според методите на работење на најпознатиот семеен терапевт во историјата, Вирџинија Сатир. Таа е основополжник на семејната терапија.

Подоцна, во осумдесетите, со приклучувањето на Роберт Дилтс ,Невро лингвистичкото програмирање се повеќе ги вклучува семејните и организациските динамики и ги открива поврзаностите и влијанијата на сето она што е дел од еден систем.
Преку НЛП техниките промените се случуваат на ментално поле, додека преку системската работа промените се случуваат на едно друго ниво, поле на енергија и поле на душата.
Овој практичен системски пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.
Покрај работата на личните, семејни системи со огромна посветеност работиме и на организациските системи  бидејќи во нив исто така се испреплетени различни системски динамики кои што се значајни за успехот на тимовите и организацијата во целина.

Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција.
Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.
Системската НЛП програма, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.

Како може овој Системски НЛП да ви помогне?

  • Практичните вежби за откривање на системските динамики даваат јасни и прецизни увиди во семејните и организациските системи.
  • Ефектите од несвесните системски т.е. семејни динамики се видливи преку однесувањето на индивидуата. Системскиот НЛП овозможува рамка за откривање, разрешување и разбирање на истите, што всушност е од клучно значење во креирањето на ефективни промени во секојдневниот живот.
  • Со идентификување на силните и слабите страни во семејниот или организацискиот систем, се менува фокусот од индивидуата кон поширокиот систем што овозможува развивање на самосвесноста и емоционалната интелигенција.
  • Подобро разбирање како функционира индивидуата во системот и самиот систем, семеен или организациски како целина.
  • Го зацврстува целиот систем.

Какви резултати може да очекувате од Системскиот НЛП?

  • Освестување на “слепите точки” во однесувањето и дејствувањето придонесуваат за зголемена само – свесност и емоционална интелигенција.
  • Ефективно себе – менаџирање и успешно лично лидерство.
  • Зголема продуктивност, бизнис перформанси и лична одговорност.
  • Развивање на системска перспектива и разбирање на комплексните динамики во семејните или организациските системи.
  • Развивање на колективна перцепција и системско лидерство.

Вистинска промена се случува само доколку ги разбереме семејните и организациските поврзаности и динамики.
Доколку не ја знаеме минатата структура и не ја погледнеме индивидуата од една поширока димензија, тогаш никогаш нема да разбереме што е тоа што пробуваме да го смениме.

Инвестирајте во уникатна едукација која е овозможена преку акредитираната Системска НЛП програма и погледнете го својот живот од една друга,
проширена и надградена
перцепција.

Зошто НЛП сертификат е важно да го имате во вашата биографија?

Познато е дека оние кои што ја поминале акредитираната НЛП програма се:

  • Одлични комуникатори
  • Имаат лидерски способности
  • Лесно се справуваат во стресни ситуации
  • Едноставно ја одвојуваат емоцијата од случката и затоа полесно се насочуваат кон решение
  • Умешни се во пронаоѓањето на брзи и ефикасни решенија
  • Знаат да препознаваат како да мотивираат и да водат луѓе со различни карактери
  • Насочени се кон остварувањето на лични и професионални цели
  • Животот и предизвиците ги гледаат од една поширока системска перспектива
  • Размислуваат и дејствуваат системски

Акредитираната НЛП програма се одвива во 15 дена.
Истата е поделена во 5 модули со времетраење од 3 дена.
Дополнителен ден: Презентирање на вашето НЛП знаење и доделување на акредитираниот НЛП сертификат!

Побарајте дополнителни информации за целата 15 дневна НЛП програма на: contact@centerbpsee.som

Ваша инвестиција: 1.200 евра. Постојат и можности за уплата на рати и попуст за уплата на целиот износ.
За да се здобиете со меѓународо акредитиран НЛП сертификат мора да ги поминете сите 5 модули.

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ СЕКОГАШ ДОБРЕДОЈДЕНИ

Настани

august

3aug - 17aug 31:00 amaug 17Business trip

Оваа програма е акредитирана од: