+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Програма за методот на системско работење

Програма за методот на системско работење

За професионалци и поединци

Програма за методот на системско работење на Bureau Land & Partners е програма во која ќе ги научите основите на системското работење (семејни и организациски констелации). Ако сте суперизор/коуч , ќе имате голема полза од оваа обука за да ги разберете прашањата на системско ниво и на ниво на  душата,со што ќе можете да спроведете и интервенции. Битно е да разберете дека системската работа се однесува на длабоки теми и на ниво на душа.

На оваа обука ќе го научите следново:

  •      Основната позиција на системското работење
  •      Сè за системските приниципи и како да ги примените во ситуации на коучинг
  •      Како да ги рзгледувате прашањата на вашите клиенти преку системска гледна точка
  •      Да разберете каква е поставеноста на вашиот сеемен систем и кои шеми произлегуваат од него
  •      Како да навлезете во суштината на „проблемот“,  како да го одредите патот кој води кон решението и како да се придржувате кон него во текот на коучингот.

Покрај ова,  работиме многу и со системски интервјуа и констелации, според прашањата на учесниците, што воедно овозможува практицирање на системското работење.

Програмата се состои од пет модули:
Модул 1: Основните принципи на системското работење
Модул 2: Теми во системите

Модул 3: Траума
Модул 4: Различни видови констелации, како на пример организациски констелации
Модул 5: Примена на коучингот
Модул 6: Интервизија, постои можност да следите и одделни модули од оваа програма

Примена
Како коуч, супервизор, советник или професионалец, можете да го примените ова знаење во вашите сесии или професија. Ќе научите сè за можните заплеткувања во системите и авмоматизмот кој се јавува како резултат, што значи луѓето неможат во целост да го живеат животот кој го сакаат. Се објаснува и се става во пракса работењето на ниво на душа. Станува јасна примената на многу полиња, а системското работење може да се користи ако ја следите оваа програма. Во последниот модул, акцент се става врз индивидуалните прашања кои може да бидат разработени преку систем. Констелациите за супервизија  ќе бидат објаснети, простудирани и разработени во длабочина.

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ТВОЈОТ ЖИВОТ

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ СЕКОГАШ ПОДОБРИ

Настани

august

6aug5:00 pm- 8:30 pmNLP Practitioner Module 3
7aug5:00 pm- 8:30 pmNLP Practitioner Module 3