+389 78 402 762 contact@centerbpsee.com

Тимски и индивидуален бизнис коучинг

Тимски и индивидуален бизнис коучинг

Тимски и индивидуален бизнис коучинг

НЛП алатка за успешен Тимски и индивидуален бизнис коучинг

Суштинското прашање при сите видови на организациски коучинг е:

“Како може организацијата да биде уште поефективна и профитабилна, преку личниот развој на секој менаџер и лидер, дејствувајќи и индивидуално и тимски?

Практично тоа може да се изведе преку:

–          Инвестирање во личен развој на вработените во согласност со целите на организацијата.

–          Индивидуален бизнис коучинг, од време на време.

–          Организациска трансформација преку  усогласување на индивидуалното и организациското, заеднички насочено кон идните цели

large_blank_print_document_2
НЛП, Невро лингвистичко програмирањеКоучинг методологија

Преку интерактивни техники откријте која е посакуваната состојба на тимоткоја е сегашната и кои се вашите ресурси и техники за да дојдете до брзи и ефективни решенија .
Заеднички дојдете до решение за сите ваши недоразбирања и предизвици со кои се соочува тимот.

НЛП Коучинг методологијата е високо фокусирана кон резултати, промовирајќи го развојот на нови стретегии на размислување и дејствување, што е всушност спротивно на решавање на проблеми и минати конфликти.

НЛП вештините и алатки се уникатно формирани за промовирање на ефективен коучинг. Бидејќи НЛП е секогаш ориентиран кон резултати, негов фундамент е моделирање на исклучителни перформанси и неговата способност да произведе чекор по чекор процес кој што води кон совршенство, го прави една од најмоќните и најважни методологии, применувана насекаде низ светот.

Секој тим, организација има свој стил на справување во дадени ситуации. Зависно од вашиот стил со кој што се справувате во секојдневието, добивате одредени резултати. Секој стил на справување е воден од хиерархија на критериуми на секој поединец во тимот.
Во зависност од тоа што ви е вам лично важно и вредно, на тој начин комуницирате, учите работите и се мотивирате себе си.
Тимскиот или индивидуалниот коучинг се одвива на различни нивоа: околина, однесување, способности, верувања и вредности, идентитет и визија.

По што препознавате дека не сте онаму каде што би сакале да бидете?
– Кои се симптомите?
– Што ги предизвикува?
Која е целта?
– Кои се вашите ресусри?
Каков ќе биде ефектот доколку направите промена?
Како таа промена ќе влијае врз организациската цел?

Преку практични, интерактивни техники можете лесно да дојдете до решение кое што ќе ви донесе брзи, едноставни и долготрајни промени.

Доколку сте менаџер или лидер во организацијата преку НЛП коучинг методологијата ќе го препознаете вашиот стил на менаџирање и лидерство и истиот ќе можете да го усовршите и насочите кон остварување на повисоки цели.

Тимскиот коучинг најчесто се користи како основа за креирање на тренинг по мерка, и секако дека дава увид и широка слика за она што се случува во тимот.
Тимот ќе биде коучиран да дојде до иновативни идеи и решенија и истовремено ќе научи стратегија за генериирање на други креативни идеи кои што ќе можат да бидат применети во други ситуации.

Одличен е за почеток на промени кои што можат да донесат одлични резултати.

Коучингот се применува и индивидуално како бизнис коучинг алатка за мотивација на вработените и усогласување на личните и организациските цели на секој професионалец.

Тимскиот коучинг, во зависност од големината на тимот, трае од 4 до 6 часа.

Индивидуалниот бизнис коучинг трае 1 час.

Тренер Марина Анчевска – НЛП Тренер, професионален персонален и бизнис Коуч, сертифициран јога инструктор и холистички терапевт, генерален менаџер на Центар за Бизнис Психологија, Системски и НЛП, Југоисточна Европа

Марина Анчевска

Марина Анчевска

Teacher

Директор / Основач на Центар за Бизнис Психологија – ЈИЕ

КАКО ФУНКЦИОНИРА КОУЧИНГОТ

Интервју
Кога ќе не контактирате за коучинг, можете да одредите за кој тип на коучинг сте заинтересирани. Целта на ова интервју е да се запознаеме меѓу себе, да говориме за целите и очекувањата од коучингот.

Локација
Коучингот може да се одржи на било која локација: Во вашите бизнис простории. Во нашите тренинг локации во Скопје.

Контактирајте не и ние ќе најдеме локација што ќе одговара на двете страни.
+389 2 61 44 875
+389 78 402 762

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ СЕКОГАШ ПОДОБРИ

Настани

august

6aug5:00 pm- 8:30 pmNLP Practitioner Module 3
7aug5:00 pm- 8:30 pmNLP Practitioner Module 3