
Вашите вработени играат важна улога во успехот на вашата компанија. Подароците што ги избирате за вработените откриваат што чувствувате за нив. Давањето вистински подарок испраќа сигнал дека го разбирате тоа лице, а секој вработен сака да се чувствува дека е разбран, виден и почитуван од страна на претпоставените!
Покажете им дека ја цените нивната работа и нивното секојдневно залагање и тие ќе ви возвратат на најдобриот начин.
Оваа сезона, кога се соочуваме со низа сериозни предизвици, неизвесност и несигурност и кога на сите ни е потребна поддршка, вработените можете да ги наградите со исклучителен подарок со посебно значење, подготвен од страна на Центарот за бизнис психологија.
Подарете им уникатен коучинг разговор со врвен професионалец.
Марина Анчевска – единствен Системски Бизнис Коуч и НЛП Мастер Тренер во Македонија.
https://www.linkedin.com/in/marina-anchevska-nlp-master-trainer-master-systemic-coach-241b087/.
Во времетраење од 90 минути, за теми и прашања кои што се актуелни и важни за вашите вработени.
Инвестирајте во нивното ментално и физичко здравје, бидејки развојот на вработените не е трошок, туку инвестиција.
Овој прекрасен подарок има специјална промотивна цена во нето износ од 3000 денари.
Сезоната за подарување започна!
Затоа побрзајте и израдувајте ги вашите вработени и колеги со супер подарок, подарок кој ќе создаде незаборавно искуство што ќе го паметат!