
Серија Веб-семинари „Прашајте го вашиот коуч“
Изминативе 3-4 месеци за многу луѓе, организации и корпорации беа едни од најнепријатните со кои што повеќето од нас можеби се соочиле на лично и професионално поле.
Како и секој голем предизвик од ваков карактер, луѓето го третираат и како закана / криза и како можност.
Ситуацијата со КОВИД-19 сеуште трае и е доста неизвесна. Можеби дел од вашите вработени сеуште работат од дома. И можеби нетрпението и незадоволството се зголемени од долготрајната ситуација.
Сега, повеќе од вообичаено, имаме можност да им помогнеме на луѓето, организациите и корпорациите да научат да се справат со секојдневните предизвици и промени и да изградат поеластичен систем што се движи напред.
Со цел да помогнеме за полесно надминување, организираме серијал онлајн веб-семинари насловен “Прашајте го вашиот коуч“.
Темите опфатени во серијалот се актуелни:
- Емпатија во време на криза.
- Социјална и Системска свесност во време на промени.
- Премин од Crash во Coach state – како несвесната реакција да ја направите свесна и со тоа да имате контрола на вашето однесување во било која ситуација.
- Справување со “тешки” емоции и “тешки”мисли – техники за поголема ментална еластичност и снаодливост.
- Зголемување на соматска интелигенција – како преку телото полесно да се менаџираме себе си како свесното дишење може да помогне да се справиме со секаква емотивна состојба било да е во прашање анксиозност, страв, несигурност, вознемиреност итн.
- Што е mindfulness и како може да ви помогне? Заедно со вашиот коуч научете како да бидете mindful.
Се разбира дека сме подготвени да излеземе во пресрет за опфат и на други теми кои можат да бидат корисни за што полесно справување и надминување на пројавените потешкотии.
Дојдете да се договориме.