
За кого е наменет овој Системски НЛП коучинг вебинар:
За извршни директори, лидери, менаџери за човечки ресурси, раководители и сите оние кои што раководат со луѓе и процеси.
Менаџирањето и лидерство во 21от век повеќе не можат да се замислат без свесност за значењето на системската перцепција и системскиот пристап во управувањето со човечкиот капитал и процесите во една организација.
Системскиот пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.
Системскиот пристап, како најсовремен стил на Коучинг, е практичен и интерактивен, фокусиран на внатрешните процеси на тимот или на обрасците што се одвиваат помеѓу членовите на тимот. Дава долгорочни резултати бидејќи има целосно холистички пристап.
Системскиот пристап е високо ориентиран кон резултати. Промовира развој на нови стратегии за размислување и постапување што се всушност спротивни на решавање проблеми и минати судири. Насочен е кон проширување на рамката на поединецот за начинот на согледување на организацијата.
Центарот за Бизнис Психологија, Системски НЛП е единствениот во Југоисточна Европа кој што во својата работа, континуирано и успешно го применува системскиот пристап во секаков вид на тренинзи и коучинг програми.
Системскиот НЛП Коучинг, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможува нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.
Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.
Како може Системскиот НЛП Коучинг – индивидуален, тимски и организациски, да ви помогне во справување со секојдневните предизвици во организацијата и какви резултати може да очекувате?
Искуството од досегашното работење со голем број на компании покажа дека резултатите што се добиваат се следните:
- Преку практичните вежби добивате јасен и прецизен увид на вашиот тимски и организациски систем, динамиките и заплетите на истиот, кои што влијаат врз однесувањето на поединецот, начинот на справување со передизвици, решавање на конфликти, агилност и креативно размислување;
- Откривањето, разбирањето и решавањето на несвесните обрасци т.е. системските динамики во било кој вид системски однос, создава значителна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето. Овие динамики не можат да се решат без да се разбере динамиката на групата, системот;
- Со идентификување на заплетите во тимскиот и организацискиот систем, фокусот се префрла од поединецот кон поширокиот систем, што обезбедува развој на самосвесност и емоционална интелигенција;
- Го зајакнува целиот организациски систем и ја поттикнува колективната поврзаност, кохезија;
- Учесниците освестуваат дека однесувањето е резултат на личните системски динамики од кои потекнуваат и дека истото е прилагодливо во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат. Всушност несвесното однесување станува свесно и е личен избор;
- Системскиот НЛП коучинг нуди едноставни начини да се набљудуваат процесите од поширока системска рамка и со тоа ја поттикнува креативноста во изнаоѓање на решенија за било кој предизвик.
Слушнете примери од пракса од единствениот Системски НЛП Мастер Тренер и Коуч во ЈИЕ – Марина Анчевска, споделете ваши примери и дознајте како Системскиот НЛП коучинг може да ви помогне во разрешување на сите ваши предизвици.
Како да го пријавите вашето учество?
Линкот за регистрација со кој можете да учествувате на Системски НЛП Коучинг – Бизнис вебинар на 03 јуни 2020 година е:
https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_WkpMfjBITtSeGDDWR5fOGw
Места има за 100 учесници.
Затоа побрзајте и резервирајте го вашето место.