Irena Jakimova, Professional and Executive Coach

Јана Јанева,
НЛП Тренер

Таа е социјален работник кој веќе 14 години работи со возрасни, индивидуално и во групи.

Во последните 8 години работеше како менаџер задолжен за финансии и човечки ресурси.

Своето НЛП знаење го стекна во Центарот за Бизнис Психологија и е првиот меѓународно сертифициран НЛП Тренер од страна на Центарот, каде што и е ангажирана за држење на НЛП тренинзи.

Системската работа е нејзината страст.

Активно работи во областа на едукација на негуватели и лични асистенти за лица со деменција, физичка и интелектуална попреченост.

Таа верува дека клуч за успехот е свеста, присуството, позитивните мисли и рамнотежата помеѓу рацио и емоциите и дека нема ништо што не можеме да научиме и да постигнеме ако знаеме зошто е тоа важно за нас.

Нејзиното мото е: Секогаш има поголема слика!