Event Details

Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Системски НЛП Коучинг – Бизнис вебинар

3 June, 2020 @ 11:30 AM - 1:00 PM

Системскиот пристап е високо ориентиран кон резултати, промовирајќи развој на нови стратегии за размислување и постапување што се всушност спротивни на решавање проблеми и минати судири. Насочен е кон проширување на рамката на поединецот за согледување на организацијата.

За кого е наменет овој Системски НЛП коучинг вебинар:

За раководители, лидери, извршни директори … 

Центарот за Бизнис Психологија, Системски НЛП е единствениот во Југоисточна Европа кој што во својата работа, континуирано и успешно го применува системскиот пристап во секаков вид на тренинзи и коучинг програми.

Како може Системскиот НЛП Коучинг – индивидуален, тимски и организациски, да ви помогне во справување со секојдневните предизвици во организацијата и какви резултати може да очекувате?

Искуството од досегашното работење со голем број на компании покажа дека резултатите што се добиваат се следните:

  • Преку практичните вежби добивате јасен и прецизен увид на вашиот тимски и организациски систем, динамиките и заплетите на истиот, кои што влијаат врз однесувањето на поединецот, начинот на справување со передизвици, решавање на конфликти, агилност и креативно размислување;
  • Откривањето, разбирањето и решавањето на несвесните обрасци, во било кој вид системски однос, создава значителна промена во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето. Овие динамики не можат да се решат без да се разбере динамиката на групата, системот.
  • Со идентификување на заплетите во тимскиот и организацискиот систем, фокусот се префрла од поединецот кон поширокиот систем, што обезбедува развој на самосвесност и емоционална интелигенција.
  • Го зајакнува целиот организациски систем и ја поттикнува колективната поврзаност, кохезија
  • Учесниците освестуваат дека однесувањето е резултат на личните системски динамики од кои потекнуваат и дека истото е прилагодливо во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат. Всушност несвесното однесување станува свесно и е личен избор.
  • Системскиот НЛП коучинг нуди едноставни начини да се набљудуваат процесите од поширока системска рамка и со тоа ја поттикнува креативноста во изнаоѓање на решенија за било кој предизвик.

 Слушнете примери од пракса, споделете ваши и дознајте како Системскиот НЛП коучинг може да ви помогне во разрешување на сите ваши предизвици.

Зошто е важно да го вклучите системскиот пристап во начинот на кој што го менаџирате тимот?

  • Системскиот пристап бил развиен со цел да се смени фокусот од индивидуата кон поширокиот систем, и од таа перспектива да го поддржи нејзиниот развој, лидерството и организациската виталност во сите типови на системи, лични или корпоративни.
  • Пристапот е практичен и интерактивен, фокусиран на внатрешните процеси на тимот или на обрасците што се одвиваат помеѓу членовите на тимот.
  • Системските динамики не одговараат на проценки на личност, тимски профили и други модели. Тие се позади сите рационални интервенции и бараат да бидат откриени само преку практична системска интервенција.
  • Работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но динамиката која што припаѓа на ниво на систем едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразена во друг контекст.

Системскиот НЛП Коучинг, поради нелинеарното размислување и системската интервенција, овозможуваат нови извори и решенија за разрешување на секаков вид на лична, тимска или организациска динамика.

Како да го пријавите вашето учество?

Линкот за регистрација со кој можете да учествувате на Системски НЛП Коучинг – Бизнис вебинар на 03 јуни 2020 година е:

https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_WkpMfjBITtSeGDDWR5fOGw

Места има за 100 учесници.

Затоа побрзајте и резервирајте го вашето место.

Details

Date:
3 June, 2020
Time:
11:30 AM - 1:00 PM